28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Повик на МЗШВ: Aплицирање за субвенции за обележани грла кози постари од 12 месеци

Повик на МЗШВ: Aплицирање за субвенции за обележани грла кози постари од 12 месеци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навреме да аплицираат за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат минимум 10 кози постари од 12 месеци на денот на поднесување барање за поддршка, евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и нив ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година.

МЗШВ соопшти дека висината на директните плаќања за подмерката 2. 10 изнесува 600 денари по грло. Земјоделските стопанства може да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2. 10. за обележани грла кози постари од 12 месеци, односно за подмерката 2. 11.

4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, се корисници на подмерката 2.

10 од Уредбата, или предале или заклале јариња во преработувачки капацитети  запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на подмерката 2.

12 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1. 400 денари по грло, наведува МЗШВ.

Министерството ги потсетува земјоделците дека крајниот рок за поднесување апликации за субвенции е 30 јуни 2023.

Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб-страницата на Платежната агенција. хс/  .

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …