17.05.2024
Почетна / Градина / Постојат начини за борба против стресот – Растителна или хортикултурна терапија

Постојат начини за борба против стресот – Растителна или хортикултурна терапија

Многу важно е и следново: во текот на хортикултурната активност доаѓа до контакти со други луѓе со слични интереси. Значи, светот на растенијата овозможува широка и успешна комуникација дури и без зборови. Групните активности се корисни за постигнување на емоционална стабилност во тимска работа, искуство на натпреварувачкиот дух, заедничка поддршка, конфронтација. Меѓусебните односи на луѓето кои имале проблеми со социјализација, преку хортикултурната психотерапија доведуваат постапно до интеграција во општествената заедница, односно социјално активен живот. Таа може да има свои специфични програми, кои зависат најмногу од лицата врз кои се применуваат, но крајната цел на сите е унапредување на менталното и физичко здравје на поединецот. Треба посебно да се нагласи дека тие активности не мораат да бидат скапи. Достапни му се секому зашто одгледувањето на евтини, обични растенија може да даде подеднакво задоволство и тераписка корист како и одгледувањето на скапите, егзотичните растенија. Најважно во одгледувањето е човекот да се внесе себе си со многу ентузијазам и љубов, а растенијата ќе одговорат со својот убав изглед, па задоволството нема да изостане.

Во светот постои и моден тренд на одгледување на растенија. Хит е минијатурното овошје: мини- јаболка, мини- праски, мини- вишни…кои се одгледуваат на тераса, а растенија може и во сандаче на кујнски прозорец (магдонос, нане, босилек). Оние што се многу ангажирани, не само на работното место туку и надвор од него, треба да изберат растенија кои не бараат многу внимание и нега- на пример зачини или кактуси. Растенијата поседуваат биоенергија. Тие ја трансформираат енергијата на светлината во енергија на движење во своите ќелии. Тој биопотенцијал го имаат и растенијата како и другите живи организми, така што е можно да постои интеракција и тие можат да ја впиваат евентуалната негативна енергија. Одгледувањето на растенија во домот може да го претвори вашиот кујнски прозорец во вистински мал медицински прирачник. Антиоксидансите во зачинските растенија го јакнат нашиот имунитет, ги штитат срцето и мозокот и ги смируваат напнатите нерви. Експериментирајте со жалфија, рузмарин, босилек, мента. Лесно се одгледуваат и одржуваат. Освен што ќе уживате во зелената терапија, од нив можете да правите лековити чаеви и да ги користите како иновација во своите кулинарски експерименти. На пример, ментата може да ви помогне кога имате проблем со стомакот, а рузмаринот да ја поттикне циркулацијата и да го подобри имунитетот. Босилекот, светото растение, го намалува стресот и не прави посилни. Жалфијата ќе не прочисти и ќе ни помогне при кашлање или проблеми со грлото.

Превземено од паноптикум

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …