03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Подгответе ги вашите жардиниери – највпечатливото нешто за вашиот балкон

Подгответе ги вашите жардиниери – највпечатливото нешто за вашиот балкон

Во градовите балконите и терасите често претставуваат единствено место каде што може да се одгледува цвеќе на отворен простор. Сите сакаат да уживаат во убаво уредените балкони преполни со цвеќиња во разни бои.

Речиси сите затворени растенија се погодни за одгледување на балконот, ако балконот е застаклен, одгледувањето може да се биде во текот на целата година, а ако е отворен – само во топлата сезона. Организирањето на балконот со цвеќиња започнува со поставување на неколку големи растенија во големи саксии и околу нив – неколку саксиски цвеќиња.

За почеток ви препорачуваме да ги подготвите вашите балконски жардиниери и наполните со квалитетно ѓубре.

Внимавајте пред ракување со растенијата и почвата најдобро е да користите НАРАКВИЦИ за САДЕЊЕ. На тој начин би се избегнале алергии и би се избегнала нечистотијата на вашите раце особено во делот околу вашите драгоцени прстени.

На дното на саксиите и жардиниерите потребно e задолжително да бидат направени најмалку 4 дупки за отцедување на вишокот на вода. Земјата во саксијата внимателно префлајте ја со помош на рачните лопатки. Доколку просторот е потесен одберете помали лопатки. Брендот ГАРДЕНА нуди неколку класични рачни лопатки, меѓу кои рачни лопатки мали 6см и рачни лопатки големи 8см. Исто така, постои и СЕТ РАЧНИ АЛАТИ од истиот бренд.

Откакo ќе го ставите поголемиот дел од земјата, пресадете ги растенијата во жардиниерите, а потоа додадете земја колку што ви е потребно. Притискајте меко околу почвата на растението да се осигурате дека  се добро засадени.

На крајот додадете вода и потхранете доколку е потребно. Потхранувањето на балконските растенија треба да биде најмногу еднаш во месецот. Ако местото е сенка, растенијата треба да се во богата почва со хранливи материи. Во текот на летото цвеќињата на балконот треба да се наводнуваат секој ден, најдобро рано наутро и навечер, откако сонцето се сокрие, но треба да се внимава за задржување на водата во саксиите или жардиниерите, бидејќи во таква ситуација корените може најлесно да гнијат.

Да  живеете зелено и не е толку тешко,  може да почнете веднаш, без поголем напор и финансиски трошоци.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …