27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / По вистинската пролет во зима која ќе трае најмалку до 10 февруари – Враќање на зимата од средината на овој месец?

По вистинската пролет во зима која ќе трае најмалку до 10 февруари – Враќање на зимата од средината на овој месец?

Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени, информира Попоски.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

Судејќи барем според моменталните анализи со кој располагаме, враќање на зимата и на снегот во Европа, Балканот и во Македонија очекуваме по 10 февруари, па така од средината на овој месец, па се до крајот на истиот треба да биде постудено од вообичаеното со потпросечни температури на воздухот, што значи дека слободно можеме да кажеме дека далеку сме од тоа да и кажеме збогум на зимата.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …