21.05.2024
Почетна / Градина / Вести / ОВОЈ ВИКЕНД НАЈСТУДЕНО ДОСЕГА ОВАА ЗИМА: Температурите паѓаат и до околу -15 степени!

ОВОЈ ВИКЕНД НАЈСТУДЕНО ДОСЕГА ОВАА ЗИМА: Температурите паѓаат и до околу -15 степени!

Овој викенд на Балканот, но и во Македонија ќе биде најстуден досега оваа зима. Ширум Балканот температурите ќе се спуштат и до околу -15 степени во утринските часови. Во Македонија исто така тие ќе се спуштат и под -10 степени, информира Попоски.

Студено ќе биде и преку ден, па така максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а тие понекаде ќе останат и негативни.

Сепак времето ќе биде стабилно и суво без врнежи. Со оглед на очекуваните температури, наутро очекуваме појава на силен мраз.

Ви посакуваме прекрасен викенд каде и да сте почитувани граѓани! И секако, облекувајте се убаво со оглед на тоа дека ќе имаме многу студен викенд.

Види

Колку тежел најтешкиот лимон во светот

Сеуште не е откриен поголем лимон од тој во 2003 година. Лимонот бил тежок цели …