17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Овој камен го користат за заштитна амајлија и за поголема среќа

Овој камен го користат за заштитна амајлија и за поголема среќа

Бојата на тиркизот зависи од количината на други минерали во неговиот состав, па кога содржи повеќе бакар, сината боја му е поизразена. Зелената боја e резултат на присуство на железо и на двовалентен хром.

Тиркизот е полускапоцен камен со специфична сјајна, синозелена (т.н. тиркизна) боја, омилена во сите епохи, па и денес. Старите Египќани го користеле уште пред 5000 години, го користеле и Ацтеките, како и многу индијански племиња кои го нарекувале „Небесен камен“. Називот „тиркиз“ го добил по францускиот збор (turquoise = „турско“), бидејќи преку Турција, овој камен стигнал во Европа, во периодот на Крстоносните војни во XII и XIII век.

Без разлика дали ја сакате оваа боја или не, тој со сигурност ќе го привлече вашето внимание. Кога се во прашање трендовите и одбирањето накит, ако одберете тиркиз сигурно нема да погрешите, затоа што тој е секогаш ин. Можете да го комбинирате со злато и сребро, а тогаш и неговата лековитост се засилува.

Фото: mkrubin.com

Регенератор и тоник кој дава општо чувство на добросостојба и заштитеност. Ги поттикнува возвишените мисли, ослободува од “ропството” на чувствата, го развива вкусот за натсуштествената убавина, будејќи ја силата на духот во нас.
Често е употребуван како заштитна амајлија и камче за среќа.

Терапевтски својства: Се употребува при потешкотии во говорот и комуникацијата. Со други минерали добро делува врз штитната жлезда и тимусот.

Овој камен можете да го најдеме во продавничката на македонскиот Рубин или ТУКА

Види

Автоматизација на системот за наводнување

Автоматизацијата на системот за наводнување подразбира намалување на потребната рачна работа, а зголемување на ефикасноста …