27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Обезбедете го течниот отпад од шталата за да не ја загадите водата

Обезбедете го течниот отпад од шталата за да не ја загадите водата

Управувањето со шталското ѓубриво претставува низа содветни постапки во кои се опфатени негово чување расфрлање и третманот на отпадните води, со со цел да се минимизирате ризикот од загадување.

Шталските ѓубрива можат да произведат течен отпад доколку се остават на отворено. Оваа течност има висок потенцијал за загадување со голема веројатност да предизвика закани по животната средина.

Фармерите треба да го обезбедат течниот отпад доколку постои ризик од загадување на речните текови или подземните води. Добиточните фарми со складиштата за арско ѓубре се критични извори на опасни загадувачи поради високата концентрација на хемиски елементи особено азот и фосфор и големата концентарција на органски материи.

Азотот кој се создава од шталското ѓубриво при сточарските активности испарува во форма на амонијак но создава и С02 кој како стакленички гас се ослободува во атмосферата. Ѓубрињата треба да се употребуваат согласно правилата за добра земјоделска пракса што опфаќа употреба на ѓубриња од одреден вид во количества и во согласност со протребите на растенијата и почвата.

Заради заштитата на водите од извори на загадување од сточарските активности потребна е дозвола за испуштање на водите односно за фармите за кои е потребна интегрирана еколошка дозвола се утврдуваат граничните вредности за емисиите на супстанците и нивните количини со цел постигнување на целите на животната средина.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …