21.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Нова нестабилност со времето од денес: Еве што да очекуваме

Нова нестабилност со времето од денес: Еве што да очекуваме

И како што веќе знаете некоја долгорочна стабилизација која би ни донела подолг период на постабилно време и без врнежи судејќи според моменталните изгледи на прогнозистичките материјали барем засега нема на видик. А со ваков став и извештај се огласи дури и главниот Републички Хидрометеоролошки завод на Република Македонија.

Што се однесува временската состојба за утрешниот ден (четврток) ние ги имаме следните податоци. Поточно многу повеќе сонце и стабилност очекувајте во првата половина од денешниот ден, додека во текот на попладневните па и вечерни часови ќе започне локално наоблачување, па токму ова наоблачување ќе создаде и развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално не се исклучува можноста во одредени региони низ земјава да се создадат услови и нешто поинтензивни атмосферски процеси со можност за појава на град и засилен ветер.

Нестабипноста секако ќе биде ограничена на територијална површина што значи ќе биде од локален карактер, а тоа подразбира дека некои делови нема да видат дожд или би виделе евентуално само мало заросување, додека некои региони би можеле да видат убав дожд за краток временски период. Услови за локална нестабипност ќе има во делови на Пелагонија, пред се нејзиниот северен дел. Ќе биде секако топло и спарно каде дневниот температурен максимум за најтоплиот дел од државата ќе се искачи и до околу +28 степени.

Во петок речиси идентична временска состојба како ова на денешната што значи и во петок очекувајте локално нестабилна атмосфера со дожд и грмежи. А температурата малку ќе опадне во споредба со утрешната.

Во сабота од сега гледано очекуваме постабилно време со мали после пладневни исклучоци. Но полека но сигурно од југ ќе започне да пристига и потопла воздушна маса од југ што ќе овозможи дополнителен пораст на температурите. Меѓутоа и покрај ова затоплување кое ќе не зафати од викендот и почетокот на следната седмица, сепак од недела доцна попладнето како и на почетокот на следната седмица очекуваме повторно дестабилизирање на атмосферата која особено во попладневните часови ќе носи развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Но сепак ќе биде прилично доста топло но и спарно време, па така поради загреаната атмосфера локално се можни и поинтензивни процеси кои би биле застапени и во форма на невреме со град и засилен ветер.

Подготви: Denis Muhovic

Види

Колку тежел најтешкиот лимон во светот

Сеуште не е откриен поголем лимон од тој во 2003 година. Лимонот бил тежок цели …