01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Николовски: Со заеднички мерки Република Северна Македонија и Република Црна Гора ќе го развиваат земјоделството

Николовски: Со заеднички мерки Република Северна Македонија и Република Црна Гора ќе го развиваат земјоделството

Земјоделството е еден од секторите коишто има значаен придонес во економиите на Република Северна Македонија и Република Црна Гора, и затоа е важно двете земји заеднички да креираат мерки за развој на овој сектор, ова денеска го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на заедничката меѓувладина седница на Р.Северна Македонија и  Р. Црна Гора.

Николовски, посочи дека изминатиот период имаат интензивна соработка со вицепремиерот за економски прашања и министер за земјоделство на Република Црна Гора, Милутин Симовиќ, во однос на размена на искуства за моделот на РСМ за ефикасно искористување на ИПАРД програмата, и искуството на Црна Гора во преговарачкиот процес со Европската унија во делот на поглавјата за земјоделство.

„За нас е особено добредојдено искуството на Црна Гора во делот на отворањето на поглавјата 11 и 12, бидејќи Црна Гора веќе ги има отпочнато преговорите, и може на експертско ниво да ни помогнат. Важно ни е секое искуство во делот на скринингот и поглавјата  коишто во делот на земјоделството се навистина тешки и поради тоа секое искуство ќе ни биде драгоцено. Од друга страна, ние имаме позитивно искуство   во делот на искористеноста на ИПАРД програмата, важиме за лидер во регионот, и ова наше искуство ќе го споделиме со Црна Гора. Како држави ја засиливме соработката помеѓу Платежните агенции на РС Македонија и Црна Гора, тие неодамна потпишаа и Меморандум за соработка, преку кој ќе се зајакнат капацитетите за соработката и размената на искуства особено во делот на ефикасното искористување на средствата од Европскиот земјоделски Фонд за Рурален Развој“, посочи министерот Николовски.

При тоа Николовски, потенцираше дека двете држави активно работат на олеснување и зголемување на трговската размена особено во делот на земјоделско-прехранбените производи. Минатата година во Струга Р.Северна Македонија и Република Црна Гора потпишаа Декларација со којашто се обврзаа на поедноставување на процедурите во делот на размена на земјоделските производи, конкретно во однос на  инспекциските служби и взаемно признавање на  резултатите од акредитираните лаборатории на двете земји. Двајцата министри во своите обраќања на денешната меѓувладина седница посочија дека активно учествуваат и во креирањето на мерките во делот на новата заедничка земјоделска политика на ЕУ 2021-2027, која е што се фокусирана на малите земјоделци, на еко-шемите, односно, новите модели на зелена поддршка во делот на субвенционирање и постепеното зголемување на финансиската поддршка за рурален развој. Добрата соработка и потребата од размена на искуства министрите Николовски и Симовиќ ја потврдија и на вчерашната билатералната средба.

Инаку ова е прва меѓувладина седница на Република Северна Македонија и Република Црна Гора, што се одржа во рамките на официјалната посета на Црна Гора на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и владината делегација.

 

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …