28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Ни следува значително потопла седмица – Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината!

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Ни следува значително потопла седмица – Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината!

Метео анализа на Славчо Поповски:

Под влијание на топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашите краишта, во седмицата која е пред нас ќе имаме стабилно, суво и невообичаено топло време за овој период од годината со многу сонце и многу малку облаци. Температурите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните.

Најтопло ќе биде утре и во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е дури да надмнинат и 20 степени.

Невообичаено топло ќе се задржи и во остатокот од седмицата, иако за некој степен ќе имаме пониски температури. И наутро температурите на повеќе места ќе се задржат до околу, или за неколку степени над нулата, што значи дека и утрата ќе бидат значително потопли.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …