28.04.2024
Почетна / Градина / Не вложувате денар, а имате овошје и зеленчук без пестициди: Одгледувањето во чаша е вистински хит (фото/видео)

Не вложувате денар, а имате овошје и зеленчук без пестициди: Одгледувањето во чаша е вистински хит (фото/видео)

На овој начин се храните здраво, а во исто време и штедите.

Секој од нас по дома има вишок пластични чаши, а исто така сите купуваме овошје и зеленчук. Зошто тогаш тоа не би го искористиле за да малку заштедиме и бидеме поздрави?

Станува збор за одгледување на вашето омилено овошје и зеленчук, без хемикалии и пестициди, а притоа нема да потрошите ниту денар.

Само следете ги едноставните чекори и наскоро ќе имате сопствена малечка градина, која можете да ја држите во кујна, дневна соба или на балкон.

Прво подгответе ги пластичните чаши – исечете го дното, потоа издупчете го на неколку места со чепкалка, така што ќе имате дупчиња како и на секоја друга саксија и вметнете го дното во читава чаша.

Потоа подгответе го овошјето. Дали знаевте дека секоја јагода содржи околу 200 семки кои можете да ги посадите?

Едноставно со чепкалка извадете ги семките, во чашата ставете малку земја и додадете ги семките.

Залепете со помош на фолија и одложете. За 6 недели јагодите ќе почнат да растат и цутат и ќе биде потребно да ги пресадите во поголема саксија.


На овој начин може да одгледувате и малини, авокадо, лимон, патлиџан…

Садењето во не многу нешта се разликува за некои видови, а сите детали погледнете ги во видеото.

Извор: makedonijadenes.com.mk

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …