28.04.2024
Почетна / Градина / Наводнување на трева и грижа за тревникот

Наводнување на трева и грижа за тревникот

Наводнувајте секојдневно но не претерувајте. Чекајте 2 до 3 недели за да никне тревата. При наводнувањето внимавајте на слините млазеви, можат да ја уништат младата трева.

Затоа треба да прскате со некој распрскувач. Годишно во просек ќе ви бидат потребни најмногу до 300л./кв.м., но сето тоа најмногу зависи и од количеството на врнежи во текот на годината.

Косење

Откако посеаната трева веќе ви е порасната може да го направите првото косење. Се препорачува првите косења да се прават на височина 12мм со рачна косачка. Окосената маса е потребно да ја соберете, за да не останува на тревникот.

Новите косилки можат автоматски да ја собираат тревата од вашиот двор, парк или градина. Искуство покажало дека најдобри резултати и највисок квалитет на тревниците се добиваат при косење на височина 6 мм. За време на интензивен раст на трева косењето треба да се прави редовно – и тоа најмалку еднаш неделно и е во зависност од видот на семето.

Прихранување

Откако посевот ќе се згусти и зајакне потребно е да извршите прихранување и порамнување. За таа цел се употребува смеса од почва и песок, која ја имате оставено како резерви во подготовката на почвата. Смесата се расфрла на тенок слој рамномерно и се внимавајте да не се прекријат растенијата целосно со почва! Потрошувачката на материјал е околу 3 -4 метри кубни на Декар. Порамнувањето со може да се прави повеќепати според потребата во текот на две недели. Се препорачува еднаш годишно да се прихранува целата површина за време на интензивниот раст на тревникот во текот на летото.

Ѓубрење

Нормите за ѓубрење се од 6 до 9кг азот на еден декар или околу 20-30кг амониум селитра и 3-4кг калиум, т.е. 6-10кг калиум ѓубриво. Се препорачува ѓубрењето да биде редовно во мали дози во активната вегетација. Крајот на месец август не се препорачува ѓубрење со азотни ѓубрива. Ако има потреба од фосфор ви препорачуваме да користите еднаш годишно комбинирано ѓубриво NPK.

Аерирање

Аерирањето служи за да се обезбеди подобра размена на гасовите во почвата. Тоа помага подобро да се развие кореновиот систем и да се распаднат органските материи. Аерирањето не е пожелно да се врши такво во првата година од садењето на тревникот. Обично тоа се прави со помош на машини за големи површини кои прават еден вид на каналчиња во почвата. За домашни потреби може да го направите со парче штица на кое имате наботено клинци со должина од 5-8см. пример на растојание 10х10см. Поставете го парчето штица и правете дупки во почвата со неа, со притискање со ногата.

Болести

Тревниците ретко заболуваат. Единствено што може да се јави како проблем е заболувањето од фузариум и појавата на црви. Како превентивна мерка може да се додаде железен сулфат. Додавањето на железен сулфат во почвата ја намалува активноста на црвите. При вкиселување на почвата поради употреба на ѓубрива се препорачува внесување на калиум карбонат.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …