28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Научниците пронајдоа важно во морковите – Портокаловиот зеленчук помага …

Научниците пронајдоа важно во морковите – Портокаловиот зеленчук помага …

Научниците пронајдоа нешто многу важно кај морковите. Тие се од особена важност за посилниот пол. Излегува дека освен корисниот витамин А и сите останати здрави состојки, морковите ја стимулираат плодноста на мажите.

Портокаловиот зеленчук помага на сперматозоидите да се подвижни и активни, што всушност дава огромна шанса на потенцијалните родители.

Американските научници од Универзитетот Харвард го направиле ова истражување на 200 претставници на посилниот пол, кои биле третирани со специјална диета која содржела поголеми дози зеленчук и овошје.

По завршувањето на диетата, мажите биле тестирани за квалитетот на нивната семена течност. Се покажало дека оние мажи кои имале повеќе моркови во менито, дале најдобри резултати. Портокаловиот зеленчук ги правел сперматозоидите повеќе пргави и активни.

Според научниците, тоа се должи на благотворното влијание на пигментите, наречени каротеноиди, кои ја даваат портокаловата боја на моркови.

Меѓу останатите корисни производи за машката плодност се слатките компири и дињите. Морковите сепак директно го држат рекордот на овој показател, велат американските научници.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …