27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И ОВАА НЕДЕЛА: Погледнете ги очекуваните температури!

НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО И ОВАА НЕДЕЛА: Погледнете ги очекуваните температури!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

И во текот на оваа недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено во вторник.

Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени, додека кон крајот на работната недела, и за време на следниот викенд тие во најтоплите централни и југоисточни предели ќе надминуваат 15 степени.

Снегот сеуште го оставаме на чекање.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …