27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Народни обичаи: Што да правите ако имате болки во грлото?

Народни обичаи: Што да правите ако имате болки во грлото?


Гуша (грло). – Со ова име се викаат сите болести што се развиваат во грлото. Ако се обични крајници ги викаат грло или гуша; ако пак е дифтерија ја викаат горно грло, гулемо грло или лошо грло. За болеста на гушата се употребуваат овие лекови: пред се, секое грло се трие, т.е. се притиска и се гмечи со зејтин, а некои зејтинот го мешаат со шпиритус и со тоа трлаат. Кога гушата ќе се истрие, се обложува со толчен кромид и зејтин. Некои толчат и наложуваат и маслинки. Преку летото печат модри патлижани и бамји во пепел и сето тоа го гмечат со зејтин и ја обложуваат гушата. Гушата се обложува уште и со квасец измешан со зејтин. Многумина ја обложуваат гушата со алва – таан алваси. Постарите луѓе наутро пијат ракија и на децата им се дава да јадат небет шикјер (жолт шеќер).

Како најсигурен лек против гуша го сметаат грло дигајне. Кога бадемите во гушата (жлездите-крајници) доста порастат и ја затворат гушата тогаш некоја вешта жена ќе го пикне средниот прест во гушата и ќе притисне и на едната и на другата страна, за да го отвори затвореното и по некој пат и толку за да се скапат бадемите и да потече гној и крв. Потоа треба да се испие чаша лута ракија. Некои жени пред да го пикнат прстот во гушата налепуваат на прстото чиста пепел за да не се лизгаат бадемите под прстот. Многумина грицкаат нишадор или пак го толчат во прашак и низ цевка на болниот му го дуваат во грлото.- Некои ја мачкаат гушата со сабор, а ја тријат со зејтин. – Некои варат трева лапух и ја обложуваат гушата, а некои ја обложуваат гушата со енгинарово лисје откако ќе го истолчат.

Според книгата Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, од Стефан Тановиќ, Београд 1927.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …