03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Народни обичаи: Како да ја излечите забоболката

Народни обичаи: Како да ја излечите забоболката

З`б булејне (забоболка). – Кога боли заб се вари бел леб во вино и се обложува страната од каде што е забот. Некои варат борина, оцет и стипса и со таа вода се жабурка, се плакне устата. Некои толчат сол и кромид и од тој кромид ја цедат водата и ја плакнат устата. Некои варат рѓосани шајки во оцет и со тоа ја плакнат устата.
Кога клука шуплив заб во него ставаат восок или темјан. Кога забот ќе се извади и крвта не престанува потопуваат памук во зејтин и го ставаат во дупката. некои пак жабуркаат солена вода или растворена стипса.

Според книгата Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, од Стефан Тановиќ, Београд 1927.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …