03.05.2024
Почетна / Градина / Најпопуларната палма – Вашингтонија (Washingtonia robusta)

Најпопуларната палма – Вашингтонија (Washingtonia robusta)

Вашингтонијата (Washingtonia robusta) потекнува од семејството Палмови (Arecaceae). Родното место е северозападно Мексико и југозападниот дел на САД. Овој род опфаќа два вида ветрилни палми, кои надворешно личат на „Pritchardia“ каде биле подрод до 1979год. Оваа палма развива здрави стебла кои растат доста високо и не паѓаат. Овие се едни од најпопуларните растенија во целиот свет. Успева најдобро онаму каде ќе и се овозможи да во текот на зимата температурата не паѓа под нулата.

Во текот на летото може да се полева почесто, но потоа се намалува. Најдобро е кога се ѓубри од април до август на секои две недели. Плодовите и се овални со должина околу 6мм и црно кафеави по боја. Бара сончеви места, но одлично и прилега и комбинацијата со полусенка. Расте високо и над 20 метри со дијаметар на стеблото од 1 метар. Во голема саксија можат да достигнат височина до 3 метри и ширина околу 2 метра. Се размножува со семе.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …