10.05.2024
Почетна / Градина / Маслото од ова растение e одлична храна за вашиот мозок

Маслото од ова растение e одлична храна за вашиот мозок

Маслото од нане има широка примена за здравјето на луѓето. Еден од најстарите хербални лекови кој се користи во традиционалната медицина е маслото од нане. Вкусот на мента за многу луѓе е вкусен и пријатен. Маслото од нане содржи омега-3 масни киселини и затоа е добар за мозокот.

Денес маслото од нане се додава во многу индустриски производи поради својствените хемиски својства. Можеме да го најдеме во пастите за заби, шампоните, лековите, геловите, водата за уста, мастиките, репелентите, бонбоните за цицање, цигарите, сладоледот, билните чаеви.

Науката докажала дека маслото од нане помага за олеснување на повеќе чести поплаки и болежки. Нови сериозни студии покажуваат позитивни резултати и во однос на способноста на нане да лекува некои процеси, типични за развојот на различни болести.

Маслото од нане е добро познато и популарно поради свежиот вкус и арома. Содржи хемиски материи ментол, и мента. Ги содржи и витамините Ц и А, а исто така содржи големи количини од минералите манган, калиум и мед.

Овие ретки и корисни хемиски и хранливи својства на маслото од нане го прават идеален за антисептична, антимикробна, антиспазмодична, антибактериска и анелгетична употреба.

Маслото од нане содржи есенцијални омега-3 масни киселини, кои се наоѓаат и во ленено масло и докажано ги подобруваат мозочните функции. Според истражувањата ја стимулира меморијата и се бори со симптомите на деменција. Маслото од нане има многу апликации кои водат до здравствени придобивки.

Страничните ефекти се ретки, но во некои случаи нанесување на масло од мента на кожата може да предизвика дерматитис. Тоа не се препорачува кај луѓето со срцеви проблеми, освен ако претходно не се консултирале со лекар.

Види

Што да внесете во почвата за да достигнете брз раст и квалитет?!

При продолжување на вегетацијата на овошни дрвја и неколку видови на бобинки, азотот е од …