02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Луѓето кои чуваат животни имаат поотпорно срце

Луѓето кои чуваат животни имаат поотпорно срце

Според едно јапонскo истражување сопствениците на домашни миленици се многу поздрави за разлика од оние што живеат без животните.

Научниците докажале дека оние луѓе кои имаат домашно милениче имаат повисока варијабилност на срцевата активност и нивното срце е многу поотпорно во определени ситуации.

Тоа е особено важно при стресните ситуации. Намалената варијабилност на срцевата акција се поврзува со висок ризик од појава на болести на срцето.

Исто така домашните миленици ви праќаат позитивна енергија и магнетизам, со својата безгранична љубов и имаат позитивен ефект на вашата психичка состојба и расположение.

За оние кои поседуваат животинчиња знаат колку е голема меѓусебната љубов, а за оние кои не чуваат им порачуваме тоа да го сторат наскоро:)

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …