01.05.2024
Почетна / Градина / Лечење на депресија со растенија

Лечење на депресија со растенија

Неколку природни производи, можат да помогнат дополнително за надминување на проблемот. Депресијата е психолошка состојба која предизвикува чувство на очај и немоќ. Болеста се манифестира во неколку различни форми – тешка депресија, атипични депресија, дистимија, сезонска депресија и постпородилна депресија.

Главни предизвикувачи на депресивни состојби се долгото боледување, неуспесите во приватниот и професионалниот живот, слабите семејни врски, недостатокот на оптимизам и трагичните инциденти, како што се смртта на близок и сакан од вас човек.

Состојбите на депресија можат да се надминуваат и со растенија. Луѓето страдаат од осаменост, финансиски и здравствени проблеми, алкохолизам, зависност од дрога, хронични болки, проблематични семејни односи, повреди во детска возраст и депресивна семејна предиспозиција, а се изложени на ризик да ги развијат и симптомите на болеста.

Постојат бројни лековити растенија и лекови на хербални основа, кои ефикасно ги ублажуваат симптомите на депресијата. Депресијата се лекува со помош на различни средства. Стандардното лекување на депресивна состојба вклучува комбинација од психотерапевтични процедури и антидепресиви, кои ги ублажуваат нивните симптомите, велат од лечител.

Во прилог на нив постојат и алтернативни методи кои се особено ефикасни за совладување на депресивни состојби. Такви се лековитите растенија и лекови на хербални основа. Лековитите растенија кои се користат при депресија, можат да помогнат за постигнување на трајна контрола над проблемот.

Освен тоа, тие имаат и сосема малку несакани ефекти. Затоа растенијата, во комбинација со психотерапија се подобра варијанта за лекување. Најчесто користените растенија и лекови на хербална основа се кантарион, s-аденосилметионин (SAMe), 5-хидрокситриптофан (5-HTP), гинко билоба и сибирскиот женшен.

Особено корисен е жолтиот кантарион (Hypericum Perforatum), кој обезбедува сигурно потиснување на депресивните симптоми. Тој е силен антидепресив со мали несакани ефекти. Може да се користи во подолг временски период. Погоден е за случаи на депресија во умерена форма.

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …