Латинското име му е „Hedera helix“, а популарно уште го нарекуваат „English Ivy”. Го има речиси секаде во Европа, Азија и е доста распространето и во Македонија.
Често може да го сретнеме покрај оградите, бидејќи е доста убаво и претставува зимзелен ползавец.
Може да расте долго, дури и до 30м. Освен покрај оградите диво расте и на дрвјата, зидовите, карпите и тоа по вертикалните површини. Има прилепливи коренчиња на кој се држи додека се шири.
Листовите се со должина до 8см. Цвета во лето до доцна есен и цветовите се богати со нектар кои претставуваат добар извор на храна за пчелите и другите инсекти.
Овие цветови во вид на бобинки се доста отровни за луѓето. Наоѓа широка примена во хортикултурата како украсно растение а воедно од ова растение е доста лековито. Во народната медицина се користи како искашлувач на кашлица и бронхитис. Во 1597 британскиот билкар Џон Џерард препорачува вода со бршленови листови за миење на болни или воденести очи.