18.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Костен – лек со голем број на магични и енергични својства

Костен – лек со голем број на магични и енергични својства

Костените со векови биле популарен и често користен лек за лекување и убавина во медицината. Денес, нивните придобивки се надополнети со нивната кулинарска примена, па така може да се готви и да се јаде варен, печен, како гарнир за креми, во салати и најразлични јадења.

Покрај тоа што е корисен и вкусен природен лек, за костените се смета дека имаат и магични својства.

Тие го филтрираат електро-смогот, го надополнуваат телото и даваат самодоверба. Исто така, се верува дека костените можат да ги исполнат желбите и нивната енергија да ги наполни вибрациите, да го смири и да го хармонизира телото.

Се верува дека доколку во џебовите на пантолоните носите костен, ќе заштитите околу 30-40% од телото од штетното зрачење на мобилни антени и безжични wi-fi уреди “, открива Катја Симеонова, еколошки дендро-терапевт што живее во Малта. Дивите костени, сепак го лекуваат болното место како со волшебно стапче.

Тие го филтрираат штетното електромагнетно зрачење. И тој го има насекаде – од микробранови печки до фрижидерот и фенот “,вели таа.

Во народната медицина, познато е дека таканаречениот коњски костен помага при ревматоиден артритис, шила и ишијас. Во случај на стрес и немирен сон, 5-6 костени (не повеќе од 10) може да бидат поставени под перницата.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …