02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Kосилките на Viking се одликуваат со еколошки значки – нордиска ознака за квалитет

Kосилките на Viking се одликуваат со еколошки значки – нордиска ознака за квалитет

Трите косилки со опција мулчење од производствената линија VIKING MB 4 R, се одликувани со еколошката значка „Svanen“. Тоа е нордиска ознака за квалитет, позната во целиот свет по своите особено строги еколошки критериуми.

За доделување на ова одликување на некој производ, одлучува еден одбор од претставници од еколошки организации, за трговија, индустрија како и државни институции од државите: Шведска, Норвешка, Данска и Исланд. Производствената линија на моторни косилки со мулчење од VIKING, која е исфрлена на пазарот, ја им уверено комисијата по критериумите: бучава и издувни гасови. А притоа требаше да се исполни и критериумот на енормно намалена потрошувачка на гориво, како и извонредно ниска емисија на издувни гасови. Oва одликување исто така се доделува и на производители кои редуцираат тешки метали и омекнувачи.

Косилките со мулчење се косилки, кои тревата не ја собираат во корпа, туку на многу фини ситни делови ја сечкаат искосената трева и ја распределуваат по тревникот во вид на ѓубриво. За производителот на градинарска опрема од Тирол, фирмата VIKING, кој има навистина амбициозни цели во доменот на заштитата на човековата средина, ова светски познато еколошко одликување значи понатамошна потврда на неговите залагања во одржливи и иновативни решенија.

VIKING GmbH од Лангкампфен произведува и дистрибуира косилки за трева, роботски косилки, тракторски косилки, аератори, градинарски сечкалки и мотокултиватори. Освен тоа, во VIKING се монтира комплетната акумулатпрска програма на групацијата STIHL. Ексклузивни партнери за дистрибуција на производите VIKING се овластени трговци во целиот свет, со стручен сервис и резервни делови.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …