27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Кој е најмалиот цицач на европскиот континент?!

Кој е најмалиот цицач на европскиот континент?!

Ровчиците се мали животни кои наликуваат на глувци, но со уста издолжена во форма на рилка. Во оваа група припаѓаат најмалите цицачи: мала ровчица (Sorex minutissimus) и џуџеста ровчица (Suncus etruscus), чија должина на телото изнесува 3-4 см, а тежината околу 2 гр. Најкрупната ровчица, џиновска ровчица (Suncus murinus), тежи околу 200 гр при должина на телото од 18 см.

Ровчиците се распространети практично по целата земјина топка, со исклучок на поларните области, Австралија, Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Јужна Америка (јужно од Еквадор, Колумбија и Венецуела). Населуваат најразлични предели — од рамнини и планинска тундра до тропски шуми и пустини. На планините се искачуваат и до 3.500—4.000 м надморска височина. Повеќето од видовите претполагаат да се населат на влажни места; некои водат полуводен начин на живеење. Живеат поединечно. Копаат дупки или ги заземаат дупките на други животни (кртови, глувчевидни глодари); живеат исто така и во трупци од дрвја, а ретко во објекти создадени од страна на човекот. Прават гнезда од суви листови и трева. Секоја ровчица си има своја ловечка територија, чија големина се движи до неколку десетици квадратни метри.

Ровчиците се сештојади, но најчесто се исхрануваат со инсекти, нивните ларви и со дождовни црви.

Овие мали цицачи се всушност едни од најсвирепите и агресивни грабливци на Земјата.

Тие се од голема фундаментална полза, при што ги истребуваат почвените инсекти и нивните ларви — штетници во земјоделството и шумарството. Уништуваат големо количество на инсекти во текот на целата година и во местата кои се недостапни за другите инсектојадни цицачи и птици: под снегот, под паднатите дрвја, камењата, во густежот на лисната простирка, во длабоките дупки итн.

И кај нас може да се сретне џуџестата ровчица (Suncus etruscus). Иако популацијата е стабилна на светско ниво, таа поретко се сретнува во Европа и живее во заштитени подрачја. Таа се наоѓа на листата на видови на Бернската конвенција.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …