17.05.2024
Почетна / Градина / Кои чаеви се погодни според вашата крвна група

Кои чаеви се погодни според вашата крвна група

За секоја од групите постои храна која може да ја намали животната активност на човекот и таква која може да ја зголеми. На ист начин, според крвната група, може да се одреди и каков чај треба да пие секој од нас.

* Ако сте крвна група АB, тогаш најверојатно сте исклучително интуитивни и сте од луѓето кои не се склони кон стрес, за разлика од останатите крвни групи.

Обично луѓето со крвна група АB имаат и намалено либидо.

За мажите се препорачува да пијат чај мешавина од нане и коприва. Одличен избор за сите претставници на оваа крвна група се сандалово дрво, божур, зелен чај и нане. Особено погодна е комбинацијата меѓу нане и зелен чај.

* Ако сте крвна група B, тогаш вашиот организам е склон да се разболи од автоимуни заболувања, летаргични сте, имате проблеми со спиењето. Генерално луѓето со крвна група B имаат одржлив дигестивен систем, но пак слаба заштита од бактерии, претежно од бактеријата ешерихија коли.

Препорачливо е да пиете чај од брусница, зелениот чај е исто така погоден за вас. Многу корисна е и комбинацијата меѓу маточина и мудрец (салвија).

* Оние кои имаат крвна група А, се исклучително емоционални и лесно подлегнуваат на стресни ситуации. Поради тоа, повеќето од нив имаат високи нивоа на кортизол (тоа е хормонот на стрес).

Растителната храна е исклучително корисна за овие луѓе, а за да го поразат стресот, подобро е да се оддадат на јога и медитација. Чаевите кои се препорачуваат како најпогодни, се мешавина од невен и мајчина душица или зелен чај и јасмин.

* Нулта крвна група – јадењето месо е од исклучително значење за сите кои се од оваа крвна група. Она што не е добро да консумираат често се глутенот и млекото. Овие луѓе умеат да се заштитат од стресот. Препорачан чај за луѓето од оваа крвна група е од женшен, зелен чај и ѓумбир.

Види

Автоматизација на системот за наводнување

Автоматизацијата на системот за наводнување подразбира намалување на потребната рачна работа, а зголемување на ефикасноста …