28.04.2024
Почетна / Градина / Кога и каква храна да дадете на растенијата

Кога и каква храна да дадете на растенијата

Земјата е извор на храна, а нејзиниот квалитет зависи од механичкиот, биолошкиот и од хемискиот состав. Најголемиот дел од растенијата, особено цвеќињата бараат растресито земјиште. Тоа задржува големо количество влага и воздух, што е исклучително полезно за микроорганизмите, кои се најголеми разнесувачи на хранливите материи во растенијата.

Квалитетот на растреситата земја се добива со длабинска и површинска обработка на почвата, а хранливоста се подобрува со ѓубрење.

Во периодот на раст и развој на стеблото и на листовите, растенијата имаат потреба од поголемо количество азот. Кога цветаат и раѓаат, бараат повеќе фосфор и калиум.

Азотот им се додава на растенијата кога тие интензивно растат и се развиваат, најчесто напролет. Ако недостига овој елемент, растенијата доцнат со растот и развојот. Цветовите, плодовите и листовите, се ситни и ли закржлавени. Исто така надземните делови на билките побавно се развиваат во однос на подземните.

Фосфорот и се додава на почвата во текот на формирањето на цветовите и плодовите. Неговиот недостиг доведува до општа слабост и застој во растот на сите делови на растението. Листовите најчесто пожолтуваат по рабовите, а по кусо време и паѓаат. Калиумот и се додава на почвата заедно со фосфорот. Овој елемент учествува во формирањето на цветовите и семето, а се смета дека ја зголемува и отпорноста на растенијата на растенијата од измрзнување.

Цвеќињата се особено чувствителни на киселоста на почвата. Хортензијата е вистински скенер на хемиските реакции што се одвиваат во земјата. Доколку е посадена на кисела почва, нејзините цветови се со сина боја, а на слабо кисели розови. На неутрално и базно земјиште, хортензијата има интензивно розови цветови. Киселоста на земјиштето може да се неутрализира со додавење вар.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …