21.05.2024
Почетна / Градина / Кога е времето за садење на овошните дрвја?!
Фото: Andrew Montgomery, intelligentliving.co

Кога е времето за садење на овошните дрвја?!

 ИЗБОР НА ПОЛОЖБАТА – експозиција, наклон, изложеност на ветрови,
 ЧИСТЕЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА ТЕРЕНОТ,
 АГРОХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ПОЧВАТА,
 МЕЛИОРАТИВНО ЃУБРЕЊЕ – врз основа на анализата на почвата,
 РИГОЛОВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ

План на садењето. Одредување системот на одгледување, правец на редовите, растојание, основни сорти, сорти опрашувачи, обележување на садните места; Садење на овошките. На обележаните места, дупките за садење се копаат непосредно пред садењето, близу до маркерите на садните места, секогаш од иста страна на маркерот. Пречникот на дупката треба да е нешто поголем од пречникот на
2 коренот на садницата, коренот непречено да се смести во дупката и заземе што поприродна положба.

Припрема на садниците. Се врши непосредно пред садењето. Се садат садници од I-ва класа. Сите оштетени, неквалитетни и здраствено неисправни се отстрануваат. На здравите садници се скратуваат основните корени на 15-20 см, оштетените и искинати коренчиња се скратуваат до здраво место, при што пресекот треба да е прав, а не кос, што помал, за зарастувањето да биде што поуспешно. Ситните коренчиња ако се здрави, не треба да се скратуваат.

Начин на садење. Во ископаната дупка садниците се садат на приближно иста длабочина на која биле во расадникот, со што спојното место (каде е калемена садницата) да биде задолжително над земјата за околу 5-8 см.

Пред садењето, садниците се потопуваат во смеса – каша од свежа говедска балега и земја во сооднос 1:1. На коренот од садницата се нафрла растресита умерено влажна земја, рамномерно да го покрие коренот и лесно се растресува за да навлезе меѓу коренчињата, при што лесно се нагазува со цел да се истисне воздухот и подобро да се прилепи коренот. По покривање на целиот корен, се додава 10-20 кг прегорено арско ѓубре, внимавајќи тоа да не биде во контакт со коренот. После тоа, ѓубрето се покрива со земја, се нагазува и се прави чинија за задржување на влагата. Ако садењето е во пролет задолжително се додава 10-20 литри вода. После тоа се става колче за придржување на садницата во исправна положба и се прекратува садницата во висина, во зависност од
системот на одгледување.

Советодавец и автор на текстот: Илија Дојчиноски, АПРЗ РЕ М. Брод

Види

Колку тежел најтешкиот лимон во светот

Сеуште не е откриен поголем лимон од тој во 2003 година. Лимонот бил тежок цели …