04.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Кое е најгигантското дрво во светот?!

Кое е најгигантското дрво во светот?!

Генерал Шерман е името на гигантското дрво високо цели 83,8 метри. Во 2002 година дрвото мереше околу 1487 кубни метри и со тоа стана најголемото познато дрво во светот.

Се наоѓа во Националниот Парк Секвиа, источно од Висалија во Калифорнија, САД. Се претпоставува дека дрвото е старо помеѓу 2300 и 2700 години. Јануари 2006 година најголемата гранка на дрвото се скрши.

За овој инцидент нема сведоци, а гранката беше долга цели 30 метри. Рекордот забележан во Гинисовата книга на рекорди не вклучува големина на гранки, туку ја вклучува неговата кубикажа.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …