06.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Камчето што ја абсорбира негативната енергија

Камчето што ја абсорбира негативната енергија

„Оникс“ претставува вариетет на калцедонот (кварцот) со слоевита градба во која на црна основа се нанесени бели линии. Ваква структура има т.н. арапски оникс, а постои и неслоевит црн кремен без бели линии кој се нарекува црн оникс и кој денес најмногу се употребува за изработка на накит. Кај нас накит од Оникс можете да најдете во продавничката каде се продава и Македонскиот РУБИН

Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Ониксот симболизира искреност, остроумност и духовна сила. Се смета дека е многу моќен камен. Според арапската традиција ги ослободува породилните болки доколку се стави во косата на родилката.

Црниот Оникс ја зајакнува структурата на коските и забите, ја подобрува абсорпцијата на витамините “Б” и “Д”. Ве чини попрактични, поконкретни и поодговорни, а Ви помага и да се потврдите себе си. Камче што ја абсорбира негативната енергија. Во кристалотерапијата се користи како активатор на првата енергетска чакра, т.е. врската помеѓу човекот и земјата. Се користи при третман на забите, коските, коскената с’рж и некои нарушувања во крвната слика.

Зборот “оникс” има латински корени, а е еквивалентен на грчкиот збор “onukha” веројатно како асоцијација на неговата слаба проѕирност. Освен за накит се употребува и за изработка на украсни предмети, садови и вазни.

Бразилскиот зелен оникс често се користел како столб за скулптури во уметноста, создадени во 1920-тите и 1930-тите. Германскиот скулптор Фердинанд Прејс користел бразилски зелен оникс за основата на поголемиот дел од неговите крилелептински скулптури.

Оникс се споменува во Библијата многу пати, а бил познат и на античките Грци и Римјани.

Хотел де ла Паива во Париз е познат по својот жолт ониксен декор, а новата сцена на Маринскиот театар во Санкт Петербург користел исто така жолт оникс во лобито.

ОНИКС може да најдете ТУКА

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …