02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Какво растение е бамбусот (Bambusa aspera)?!

Какво растение е бамбусот (Bambusa aspera)?!

Бамбусот е повеќегодишно растение. Неговата татковина е Источна и Јужна Азија. Познати се повеќе од 1600 видови.

Во својата татковина бамбусот е многу брзо растечко растение (до 100-120 см на ден), што на висина достигнува до 40 метри. Листовите се тесни и со должина до 10 см.

Во последниве години ова растение станува популарно и омилено за надворешна и внатрешна декорација.

Место: бамбусот не ги сака директните сончеви зраци и препорачливо место за него е на сенка или полусенка. Во летните месеци може да одлично да се развива во градината или на тераса. Во зима не дозволувајте температури пониски од 16-17 степени.

Нега: Најважно при неговото одгледување е високата воздушна влажност. Затоа, бамбусот е исклучително погоден за бања или друга влажна просторија со природна светлина. Во жешките летни денови благотворно му се одразува секојдневното пулверизирање. Наводнувањето на бамбусот треба да биде обилно. Во жешките летни месеци можете директно да нурнете до дното на саксијата во сад со вода. Во зима наводнувањето силно се намалува до степен да не се исуши сосема. Почвата супстрат за бамбус треба да биде хранлива и глинеста. Се пресадува секоја година на пролет.

Размножување: Со коренски гранки во пролет.

Совет за градинари: бамбусот е идеално цвеќе за бањата.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …