03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Како реагираат растенијата при промената на осветлување?

Како реагираат растенијата при промената на осветлување?

Иако одделни видови цвеќиња имаат конкретни барања во однос на светлината, кои е потребно да се почитуваат, треба да се напомене дека тие се навикнуваат кон условите на осветлување, каде што се ставени. Секое преместување може да влијае негативно врз натамошниот развој и да доведе до паѓање на цветните пупки, пожолтување и пад на листовите, пречки во растот и др.

Паралелно со тоа треба да се знае дека цвеќињата реагираат дефинитивно и на должината на денот. Во врска со тоа, тие се делат на растенија на краток ден, растенија на долгиот ден и неутрални растенија.

Замена на сончева светлина со вештачка

Замената на сончевата светлина со вештачка е сосема можно и многу одамна се практикува. Вештачкото осветлување се користи главно во зимските месеци кога сончевата светлина е недоволна, како во северните земји, каде што сончевата светлина, исто така е недоволна. Освен тоа вештачкото осветлување се користи и за продолжување на денот при одгледување на некои култури.

Кои осветлувања се користат како вештачка светлина? Фотосинтезата е поврзана со достапноста на сончева светлина, но може да се одвива и на електрична осветлување. 3а дополнително осветлување се користат вештачки извори на светлина, чиј спектар содржи зраци со бранова должина од 300 – 750 нанометри (nm). Како извори на вештачка светлина се користат светилки со вжарена нишка, луминисцентни, гасни, живини и други светилки. Изворите на вештачка светлина треба да се економични, спектралниот состав на емитуваната светлина да е близок до спектарот на распрскана сончева светлина во летен ден, светлата да не ја зголемуваат температурата во просториите и да се наместени така што да ги осветлуваат рамнобројно растенијата. Растојанието помеѓу светлата и растенијата треба да биде такво што осветлувањето на површините да е од 50 до 100 лукса. За да стапи порано во расцутена фаза, оранжериските каранфили, некои луковични цвеќиња, хризантеми и др. се осветлуваат дополнително.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …