17.05.2024
Почетна / Градина / Како лушпата од јајце може да ти спаси живот?!

Како лушпата од јајце може да ти спаси живот?!

Калциумот има бројни важни функции во работата на организмот. Освен што создава коскена маса и спречува остеопороза, калциумот ја нормализира работата на нервите и мускулите, ја регулира работата на срцето, оневозможува згрутчување на крвта и поттикнува добар сон. Исто така, добар е за работата на имунолошките клетки како и за здрава кожа и коса.

Бројни се факторите кои го црпат калциумот од организмот, а најмногу: физичка неактивност, кафе, алкохол и газирани пијалаци. На недостиг од калциум најмногу се склони бремените жени и жените во менопауза, повозрасните мажи како и лицата кои патат од дигестивни пореметувања, пишува минута.мк.

Лушпата од јајце содржи 90% калциум и претставува најдобар извор на овој минерал. Телото лесно го апсорбира бидејќи лушпата од јајце според хемискиот состав е идентична со човечките коски и забите. Покрај тоа, лушпата на јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа, многу експерти ја проучуваат употребата на мелени лушпи од јајце како природно и многу делотворно надополнување со калциум. Во зависност од возраста, препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.

Лек за штитна жлезда

Лушпи од осум јајца добро измиени, се сушат, мелат во прав или ситно се дробат, па се преливаат со сок од два лимона. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите да се стопат. Се процедува а течноста се меша со еден литар ракија и килограм мед. Се остава да отстои една седмица, пред употреба.

Употреба: по една супена лажица, 2-4 пати дневно после јадење.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …