27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да штедите вода?

Како да штедите вода?

Во се поголемиот број на сончеви денови и во се помалиот број на дождовни денови, потребата од штедење на вода е неопходна.

Постои начин како да се користи водата од дождот преку специјални туби, кои пак ќе овозможат наводнување на градината во секој момент кога е потребно. Сето тоа ќе овозможи избегнување и непотребно трошење на вода и секако овозможување на растенијата вода во секое време, особено за време на летниот период.

Тубите се доста едноставни за инсталирање на куќа, барака, гаража и било кој друг објект кој има олук и цевка што оди до долниот дел на објектот.

Доколку некој објект како што се стаклените градини немаат олуци или друг вид на цевки за собирање на дождовната вода, тогаш најдобар начин е да се опремат истите со цел зачувување на големи количини на дождовна вода. Тубите можат да се најдат во повеќе форми и големини и можат да собираат вода од 100 до 700 литри вода.

Генерално изгледаат како буриња, дури некои се прават со посебни форми кои би ги прилагодиле во одредени простори. Други имаат инсталирано славини кои би овозможиле полесна употреба и управување со водата. Славините се прават на вистинската висина како би се искористил максимумот од тубата.

Предвидено е дека околу 24.000 литри можат да бидат зачувани од просечна семејна куќа во рок од една година. Како алтернатива на овие туби се зема системот за зачувување на дождовни води. Тој изгледа слично како претходните туби, но е многу поскап од причина што има инсталирано моќен филтер кој ја прочистува водата и има внатрешно вградена пумпа која може моќно да ја испумпа водата од резервоарот низ куќата. Исто така, може да се инсталира резервоар за вода под земја, кој пак би имал поголем капацитет за складирање на вода.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …