27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да негувате болно цвеќе во саксија

Како да негувате болно цвеќе во саксија

Како да го негувате болното цвеќе во саксија

Често се случува растението во саксијата да се разболи, а вистинската причина за тоа да не може веднаш да се открие.

Праксата покажала дека најчеста причина за појава на болест кај цвеќињата е нестручно одгледување и недоволна грижа.

Добро одгледуваните растенијата, кои живеат под поволни услови и бујно растат, многу повеќе се отпорни на болести и штетници.

Вистинската причина за болеста честопати е тешко да се утврди, иако јасно се забележува дека растението е болно.

Најчеста причина претставува недоволното полевање, или полевање со “тврда” вода во која има голем процент на варовник, како и полевање со студена вода. Прекумерното и недоволното полевање подеднакво му штети на растението; и едното и другото најчесто предизвикуваат жолтица и опаѓање на листовите.

Болест се јавува и поради истрошеност на земјата, т.е. кога растението подолго време не е пресадено, односно кога не се прихранува, како и поради преголем студ и големи промени на температурата. Надворешните знаци за болест на растението понекогаш можат да се забележат дури кога болеста е стадиум кога само со итна мерки може да го спаси.

Пред да сè појават надворешните симптоми на болест, растението се наоѓа во болна фаза која се карактеризира со неправилности во примањето и преработка на хранливите материи. Растението во оваа фаза е многу чувствително, односно ја губи природната отпорност и многу лесно го совладува болест.

Продолжува на следната страна:

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …