02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Јадењето сливи и праски ве штити од прекумерна тежина

Јадењето сливи и праски ве штити од прекумерна тежина

Праскиte (особено нектарините) имаат биоактивни состојки, кои можат да нe заштитат од прекумерната тежина и срцевите болести, покажуваат резултатите од неодамнешното меѓународно истражување.

Според научните податоци материите во овие плодови можат да ограничат метаболичен синдром, при што дебелината и воспаленијата водат до сериозни здравствени проблеми.

Статистиката открива дека денес над 30% од луѓето во светот се со прекумерна тежина, како секоја година нивниот број се зголемува. Набљудувањата на научниците од универзитетот во Тексас покажуваат дека некои костилкови овошја како праските и сливите содржат биоактивни супстанции, кои го намалуваат нивото на т.н.. лош (LDL) холестерол.

Уникатното во овие плодови е дека нивната мешавина од биоактивни соединенија работи истовремено и ефикасно на различни патолошки компоненти на метаболичен синдром како дебелината, воспаленијата, дијабетесот и оштетувањето на кардиоваскуларниот систем. Овие овошја се богати со витамин А, калиум и растителни влакна.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …