27.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура и добро дизајнирана градина

Хортикултура и добро дизајнирана градина

Градинарот рече: „Зборувај ми за градините и нивното значење.
“ Поетот одговори: „Градината е место на мир и задоволство, место кадешто секој наоѓа освежување на духот“.

Градинарот не ги брои часовите на работа.
Тој не бара никаква награда, освен убавината на неговата градина Градинарството претставува уметност, наука и занает.

Градинарството е уметност што е блиска до срцето на луѓето. Но за разлика од другите видови уметнички дела, градината од нејзиниот сопственик бара нешто повеќе од само восхитување. Тој мора да се грижи за неа, да ја обновува. Градината постојано се менува. Хортикулурата е едноставно, градинарство, во поширок смисол потекнува од латинскиот збор hortus – градина, и cultura – култура, а го означува интензивното работење во градините и расадниците, каде што се застапени цвеќиња, овошја, зеленчуци, грмушки, дрвја и други видови на растенија. Терминот не се однесува на широко распространетата теренска пракса со која се карактеризираат земјоделието и шумарството.

Некои луѓе ја мешаат хортикултурата со ботаниката. Тие имаат различно значење. Разликата станува поочигледна доколку зборот градинарство се замени со зборот хортикултура. Ботаниката е наука која се однесува на сето систематизирано знаење за растенијата, Таа е само една од неколкуте дисциплини врз кои што е базирана хортикултурата. За да се стане градинар или расадничар, тој/таа треба да се поседува прецизно познавање на растенијата. Не е неопходно да се проучува ботаниката, туку јасно да се покаже нејзиното познавање.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …