28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Хачико, кучето кое 10 години секој ден го чекаше својот сопственик, ќе наполнеше 100 години

Хачико, кучето кое 10 години секој ден го чекаше својот сопственик, ќе наполнеше 100 години

ХАЧИКО, куче кое живеело во Јапонија од 1923 до 1935 година, денес би наполнило 100 години. Роденo е на 10 ноември 1923 година во градот Одате, префектурата Акита. Тој е запаметен по неговата извонредна лојалност кон својот сопственик, кој е и универзитетски професор на Универзитетот во Токио, Хидесабуро Уена. Хачико секој ден чекал на станицата Шибуја неговиот сопственик да се врати дома, но на 21 мај 1925 година, Уено починал од мозочен удар на работа.

Хачико продолжи да доаѓа на железничката станица секој ден цели девет години, девет месеци и 15 дена. Го чекал својот сопственик додека не умрел на 11-годишна возраст на 8 март 1935 година.

Според биографот Мајуми Итох, вработените на железничката станица не го сакале Хачико. Им пречело, па наводно ќе му фрлале вода, а младите го малтретирале и го удирале. Хачико доби подобар третман дури откако стана популарен во октомври 1932 година, кога во весниците беше претставен како „куче што го чека враќањето на својот покоен господар“.

Лојалноста на Хачико кон неговиот сопственик сè уште ги инспирира сите генерации. Неговите останки беа погребани до сопственикот на гробиштата Аојама во Минато, Токио.

Бронзената статуа на кучето првпат била поставена на станицата во 1934 година, а потоа била рециклирана за потребите на Втората светска војна. Во август 1948 година бил изграден нов споменик на Хачико. Денес, локалното население и туристите стојат во ред за да се фотографираат со статуата, која често е украсена со шалови, капи и за време на пандемијата на коронавирус, хируршка маска. Слични статуи беа направени и пред станицата Одате и Универзитетот во Токио.

Секоја година во април, пред станицата Шибуја се одржува комеморација за ова посебно куче. Годинава на 11 и 12 ноември ќе се одбележи 100-годишнината од неговото раѓање.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …