03.05.2024
Почетна / Градина / Гринпис: кинеските билки се коктел од пестициди – Кај 26 од вкупно 29 примероци се пронајдени максимално дозволените количества пестициди

Гринпис: кинеските билки се коктел од пестициди – Кај 26 од вкупно 29 примероци се пронајдени максимално дозволените количества пестициди

Во Кина традиционално се користат, произведуваат и продаваат 11 146 видови сорти билки кои влегуваат во составот на различни билни производи кои се сметаат за алтернатива на современата медицина. Трговијата со овие производи изнесува околу 2,33 милијарди долари годишно.

Да потсетиме дека од месец Ноември 2012 до месец Април 2013 година невладината организација Гринпис (Greenpace) тестирала: годжи бери, разни луковици на лилиум, женшен, синап, розови пупки, и други билки произведени во Кина од 7 земји увознички: Канада, Франција, Германија, Италија, Холандија, Велика Британија и САД.

Испитани биле 36 билни производи увезени од Кина за медицински цели, кои имаат репутација на особено здрави за луѓето.

Утврдено е дека повеќето од примероците содржат „коктел” од пестициди и остатоци, кои според СЗО се особено опасни (на пр. Carbofuran и triazophos од групите 1а и 1в).

Во моментов во научната литература постојат релативно малку истражувања врз овој ефект на пестицидите во однос на човековото здравје, но постојат сомнежи дека комбинацијата од неколку пестициди, во дози поголеми од препорачаните норми, можат да предизвикаат сериозна штета на голем број физиолошки функции.

Кај 26 од вкупно 29 примероци беа пронајдени максимално дозволените количества пестициди според европските норми. 

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …