03.05.2024
Почетна / Градина / Градинарска чубрика -(Satureja hortensis L.)

Градинарска чубрика -(Satureja hortensis L.)

Градинарската чубрика (Satureja hortensis L.) е култивирано растение за потребите на кулинарството, претежно како зачин и лековити средства.

Корисен дел се надземните делови кој се берат за време на цветањето – од јули до октомври. Се сушат на сенка или во машина за сушење алишта.

Во својот хемиски состав содржат етерично масло, терпен, танини, слуз материи и др.

Поседува специфичен мирис. Има својство да ги отстранува гасовите од цревата. Постари податоци покажуваат дека таа била сигурно средство против некои видови глисти.

Околу 2 лажици од растенијата се попаруваат со 400 мл врела вода. Така треба да отстои 1 час, па се прецедува и се пие по 1 чаша пред спиење 3 пати на ден.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …