01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Глетка што би посакале: Погледнете како во природна средина расте најпопуларното цвеќе Кала

Глетка што би посакале: Погледнете како во природна средина расте најпопуларното цвеќе Кала

Калата потекнува од Африка каде расте слободно на влажни подрачја и мочуришта, а кај нас најмногу се одгледува како режено цвеќе. Може да се одгледува и во саксии како собно растение, но успева и на отворен простор. Во зависност од видот може да порасне до 1,5 m во височина, со крупни цветови и да се одгледува како режено цвеќе, додека видовите кои се одгледуваат во домот се пониски и со поситни цветови.

Цветовите на калата се жолти и многу ситни, собрани во клас, со бел лист свиткан како инка кој има улога да ги привлече инсектите за опрашување на цветот.

Калата кај нас е многу позната цветна култура која се употребува како режен цвет, односно за правење на букети и сл. Зборот calla, односно каlоѕ значи убаво, а се однесува нa убавината на цвеќето. Од друга страна, пак, родот се нарекува Zantedeshia во чест на италијанскиот ботаничар Francesko Zantedeshi. Се одгледува обично на приватни површини со големо внимание, но како изгледа ова растение во природниот свет? Погледнете ја фотогорафијата подолу, направена на африканскиот континент:

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …