28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Единствената мини фарма со магариња во нашата држава

Единствената мини фарма со магариња во нашата држава

Роберт Шиникоски во атарот на родното Велестово подигнал мини фарма со магариња. Овој млад човек, пред 18 месеци се вклучил во проект за спас од исчезнување на автохтоната сорта магариња. Со помош на здружението на граѓани “Буша“ се вклучил во проект за заштита. Добил грант од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови и набавил 11 машки и женски грла добиток. Шиникоски е голем љубител на животни и вели дека работата не е тешка. Раскажува за почетоците при основањето на фармата.

„ Потешкотии нема бидејќи овие животни не бараат многу , се задоволуваат со малку. Но сепак потребно е околу 6 часа минимум посветеност и грижа во текот на денот. Најтешко беше да се набават магарињата. Она што мислевме дека ќе е најлесно испадна најтешко. Магарињата се ретки ги нема во нашиов крај и во Западна Македонија. Поголемиот дел ги набавив од Источна Македонија. Само еден примерок зедов од селото Куратица,“напоменува Шиникоски.

Првичната идеа за зачувување на автохтониот вид, подоцна прераснала и во бизнис план за производство на магарешко млеко, раскажува Шиникоски. Од контакти со луѓе и компании бил поттикнат да произведува магарешко млеко кое е многу барано во светот, а побарувачката полека почнува и кај нас. Во светот одгледувањето на магарици од кои се добива магарешко млеко е вносен бизнис. На пазарот еден литар магарешко млеко достигнува цена и до 35 евра ,а килограм сирење и над 1000 евра. Оваа мала фарма веќе не е анонимна и има интерес за откуп на магарешкото млеко од неговата фарма, споделува Шиникоски.

За останатиот дел од текстот на ТВМ

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …