02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Дива тиква (Bryonia alba L.)

Дива тиква (Bryonia alba L.)

Дивата тиква можеме да ја сретнеме низ целата земја. Таа расте на влажни места, во грмушките и на места до 1000 метри надморска височина. Корисен дел се корените, кои се вадат во есен. По чистењето се сушат на сенка или во машина за сушење алишта.

Во својот хемиски состав корените содржат гликозиди, смоли, органски киселини, етерични масла, ферменти и др. Присуството на етерично масло обезбедува антисептично (противомикробно) дејство. Од коренот на дивата тиква неодамна се изолирани активни супстанции, кои се припишуваат против тумори.

Во многу мали дози и внимателно се користи како слабително средство, а исто така и за зголемување излачувањето на урината. Во поголеми дози иритира силно цревната слузница и може да предизвика дијареа и воспаление на бубрезите.

Во ветеринарната пракса се користи за лекување на болеста гарлица кај свињите.

Се подготвува алкохолен екстракт од коренот во сооднос 1:10. Се пијат по 10-15 капки во чашка вода 3 пати на ден. Може да се подготви запарка со 1 лажичка корени ако се попарат со 400 мл врела вода. Така се пие по 1 мала чашка од ракија 2-3 пати на ден. Алкохолниот екстракт од коренот се користи надворешно како ревулсивно средство против ревматизам.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …