14.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Девет извори со чиста енергија

Девет извори со чиста енергија

Енергија на ветар во море – Данска веќе добива 20% од вкупната енергија од ветерници кои се поставени во морските површини.

Енергија на ветар на копно – Инсталираните капацитети за искористување на ветерот во САД во периодот од 1999 до 2011 година се зголемија од 2200 MW на 43000 MW и уште се работи, уште ке се зголемува

Силата на плимата – Кина е веќе лидер во производството на соларни панели и ветерници, а неодамна потпиша партнерство со Холандија за проект за искористување на енергијата од плимата. Тој проект ке има капацитет за генерирање на енергија од 15 000 MW. Соларна енергија – И покрај неуспесите на некои производители да опстанат на пазарот (поради економски а не технолошки причини), воведувањето на соларна технологија е во голем пораст од претходната деценија.

Геотермална енергија – Денес во светот има инсталирано капацитети со мокност од 11000 MW од геотермална енергија. Водечки земји се САД со 3000 MW и Филипини со 2000 MW.

Биогориво на база на алги – Со научната експертиза и политичка волја, биогоривото од алги е зрело за сериозна употреба. Сите биогорива испуштаат гасови но тие се многу почисти и поефтини од фосилните горива.

Ториум и други горива за нуклеарна енергија – Тешко е да се подржи нуклеарна енергија, бидејки после шеесет годни сеуште нема проверен и широко прифатен механизам за скадирање на радиоактивен отпад на долг период.

Ова не е се, но е сосема доволно да се спотивстави на тврдењата дека мораме да останеме зависни од фосилните горива бидејки не постои алтернатива. Клучното прашање не е дали можеме да си дозволиме развој на чисти технологии – туку дали смееме да си дозволиме тоа да не го направиме.

Види

Куче ги пронаоѓа најбесните кучиња за да може да поспие до нив (Фото)

Ова куче по име Една си има своја рутина, а таа е прилично иста секој …