27.04.2024
Почетна / Градина / Декоративни ползечки растенија

Декоративни ползечки растенија

Ползечките растенија често пати може да ја извршуваат функцијата на грмушестите видови, а притоа да заземаат многу помал простор од градината – со своето ползење да создадат зелен килим, да сокријат неугледен ѕид, столб или ограда, јазејќи се по вертикалната површина. Исто така, ползавиците, покрај естетската вредност, помагаат во намалување на загревањето од директното сончево зрачење- пониски температурни екстреми.

Ползавиците се една од трите категории дрвенести растенија според нивната видова припадност. Тие немаат правостеблена форма и растат по други правостеблени растенија, ползат по површината на почвата,се јазат или надвиснуваат по карпести падини. Во Македонија, овие декоративни растенија најчесто се употребуваат за озеленување покрај огради или за формирање на засена над дворните паркиралишта.

Растенијата што ползат (поради што го добиле и овој народен назив- ползавици) уште се нарекуваат лијани. На француски јазик, зборот „lier“ значи сврзува, врзува.

Дрвенестите ползечки растенија се брзорастежни зимзелени или листопадни видови чии изданоци може да достигнат и до неколку метри. Тоа е причината што ползавците може за кусо време да покријат поголеми површини. Често, еден вид ползавица, зависно од еколошките услови, односно условите на месторастење, развиваат еден или повеќе начини на ползење. Бидејќи за нивниот раст и развој им е потребна прикрепа, во природата се среќаваат околу здрави или исушени дрвја, прилепени или надвиснати на стрмни карпести падини, како и полегнати врз почвата во потстојниот кат на шумската вегетација.

Според начинот на нивното распространување, односно поткрепување, ползавиците може да бидат самоприкрепувачки, видови што се испреплетуваат околу поткрепата и видови кои што ползат во хоризонтален правец- полегнати по подлогата.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …