27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Чајот што ќе ти помогне брзо да ја отстраниш кашлицата

Чајот што ќе ти помогне брзо да ја отстраниш кашлицата

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото.  Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања – од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетис, остеопороза и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерни и антиоксидирачки својства, како на пример кверцетинот.

Чајот кромид е особено многу ефикасен против кашлица. Овој пијалак служи за лекување на срцева и бронхијална астма. Кај потешки заболувања на астма и бронхитис за целосна излечување, чајот треба да се пие 2-3 недели, што е можно почесто, со цел целосно да ги исчистите и излечите бронхиите и белите дробови. За астматичари на белите дробови и срцето, се препорачува со овој чај да консумираат изрендана ротквица со дополнување на малку шеќер.

Се што треба е да земете две средни главици кромид, излупете го само првиот слој на кората, пресечете ги на 4 делови и ставете ги во 1 литар вода. Во водата додадете и 100 грама кафеав шеќер, а смесата, откако водата ќе зоврие, гответе ја уште 15 минути.

Оставете да се излади, а потоа додајте мед. Пијте лажица по лажица во текот на целиот ден.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …