17.05.2024
Почетна / Градина / Божја билка, единствена запишана во Библијата и Куранот: Ги лекува сите болести, освен смртта!

Божја билка, единствена запишана во Библијата и Куранот: Ги лекува сите болести, освен смртта!

Народот верува дека е света и дека ја создал Бог за да лекува се што би можело да измачува едно човечко битие.
Nigella sativa (попозната како ким, црн ким, калињи) е едногодишна билка од семејството Ranunculaceae. Позната по својот плод – црно семе кое се вика црн ким (немојте да го замените со ким кој можете да го пронајдете скоро во секоја продавница).
Црн ким
Тоа е една од најпознатите билки во историјата на медицината. Во древен Египет го користеле за подобрување на тврдата столица, кај настинките, главоболките, инфекции и забоболки. Семето од црниот ким било пронајдено во гробницата на фараонот Тутанкамон. Калињи се спомнува во Библијата и Хадит. Исламскиот пратеник Мухамед за него го кажува следното:„Црниот ким ги лекува сите болести освен смртта“.

Универзален лек
Црниот ким, ким или Нигела сатива е користен уште во стариот Египет, а денес е познат како една од најделотворните билки во превенција и лекување на низа здравствени тегоби. Многумина го нарекуваат и универзален лек, оној кој ги лекува скоро сите болести.
Спроведени се повеќе од 200. испитувања на различни универзитети и во нив е докажано дека кимот поволно влијае на голем број болести, посебно автоимуните – како мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, псоријаза, астма, алергии, алергиски ринитис, како и дека ги намалува холестеролот и триглицеридите, ги ублажува шеќерната болест, високиот крвен притисок, егземи, акни, бронхитис, воспалување на плуќа и синуси, гастритис, чир, инфекција со хелиобактери, болести на црниот дроб, хроничен замор, лоша циркулција, карцином, а од исклучителна помош е и при хемотерапија и терапиите со зрачење.
Клинички е докажано дека црниот ким ги ублажува симптомите на алергии, алергиски ринитис и алергиска астма.Неговото масло ги шири дишните патишта и го олеснува дишењето, а со своето антибиотско делување го спречува развојот на секундарните бактериски инфекции кои често се јавуваат покрај сезонските алергии. На природен и сигурен начин го подготвува организмот поблаго да реагира на алергени и постепено ја зголемува толеранцијата на организмот на нив.

Одличен за срцето
Кимот поволно делува и на кардиоваскуларниот систем. Со јакнење на ѕидовите на крвните садови и со зголемување на нивната еластичност доведува до регулирање на артерискиот притисок.
Истражувањата покажале дека примената на маслото од црн ким доведува до намалување на вкупниот холестерол, триглицериди и вредностите на таканаречениот лош (ЛДЛ) холестерол. Може да се користи за намалување на вредностите на шеќерот во крвта така што го стимулира панкреасот да лачи инсулин и ја зголемува чувствителноста на клетките на него.
Посебно позитивно влијание покажува кај дијабетесот тип 2.
Последните години со истражувања е докажано и антитуморското делување на црниот ким, и тој може да се користи и како помош во лекувањето на карцином бидејќи делува директно на малигните клетки и ја јакне одбранбената моќ на организмот.

Види

Автоматизација на системот за наводнување

Автоматизацијата на системот за наводнување подразбира намалување на потребната рачна работа, а зголемување на ефикасноста …