17.05.2024
Почетна / Совети / Болести кај розите

Болести кај розите

Има една стара кинеска поговорка која вели: „ако сакате да се бидете среќен целиот свој живот – одгледувајте рози“.

Летото е време кога нашите рози цветаат обилно, а тоа значи дека е потребно и поголемо внимание. Верувам дека секој љубител на цвеќиња и рози барем еднаш дневно, посветува внимание на цветовите и и ужива во убавината на цветовите, формите и мирисите. Затоа розата уште ја нарекуваат кралица на цвеќето.

Не треба да се дозволува розите да се обраснати со плевел и трева, и доколку се сретне таква треба веднаш да се отстрани. Исто така розите бараат и редовно наводнување доколку немаме врнежливи денови. Неопходно да се прелива најмалку еднаш или двапати неделно со 50-10 литри вода.

Со рози во саксии, особено ако тие се насадени во ред компост, наводнувањето треба да биде уште почесто, но со помали количини на вода. Кога на розите би им овозможиле доволно влага, тие ќе растат побрзо и ќе имаат поголем квалитет на цветањето.

Постојат повеќе причинители за евентуални штети врз пупките и листовите како што се гасениците, црвени пајаци или слично. Нападот од црвениот пајакот резултира со карактеристични бронза точки. Најдобро се гледа под лупа, уште потешко со голо око. Тоа најчесто може да се случи во суви и жешки периоди. Габите исто така може да бидат пречка за правилен развој на розите. Со нив потешко може да се справите па затоа важно е да се реагира на време. Доколку розите се нападнати од штетните габи може да се дојде до епидемија, а лисјата поцрнуваат и е потребно да се отстранат, соберат и да бидат изгорени. Се препорачува превентивно прскање со фунгициди кој може да ги набавите од земјоделските аптеки.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …