27.04.2024
Почетна / Градина / Аспидистра – исклучително непретенциозно собно растение

Аспидистра – исклучително непретенциозно собно растение

Ова многу популарно растение потекнува од Источна Азија (Јапонија), каде што расте во шумски предели.

Аспидистрата е исклучително непретенциозно и лесно за одгледување собно растение. Листовите се месести и во должина достигнуваат и до 70 см, цветаат ретко со ситни виолетови и кафеникави цветови, без особена декоративна вредност. Особено убава е сортата Aspidistra variegata, чии лисја се со бели и жолтеникави ленти.

Место: Аспидистрата не сака директни сончеви зраци. Идеално место за неа е под сенка или на полусенчесто место.

Температурата треба се движи од 12-13 до 20 степени. Генерално, без проблем ќе поднесе и повисоки и пониски температури.

Нега: Најдобро е да се одгледува наумерено во зиме и лето. Не сака висока воздушна влажност. Почвата е добро да биде варовита. Сепак, обезбедете порозна почва со добра дренажа за истекување на вишокот вода. Во лето можете еднаш – два пати да се наѓубри со ѓубриво за листови на декоративни растенија.

Размножување: Најлесно аспидистрата се размножува со делење на мајчиното растение. Правете го ова многу внимателно, бидејќи еден од начините да ја загубите аспидистрата е неправилното пресадување. Одделно гранката е добро да има најмалку 2-3 листови.

Совет за градинари: Да се бришат редовно листовите со влажна крпа.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …