21.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Интересни факти за бамбусот: првото растение повторно засадено во Хирошима по атомската експлозија во 1945 година беше бамбусот

Интересни факти за бамбусот: првото растение повторно засадено во Хирошима по атомската експлозија во 1945 година беше бамбусот

Бамбусот е зимзелено повеќегодишно растение од фамилијата тревни, едно од најбрзорастечките растенија и практично единствената храна за пандите. Што друго е интересно за ова растение?

1. Ако мислевте дека бамбусот е дрво или грмушка, се лажете, бамбусот е всушност трева.
2. Бамбусот брзо расте, забележано е дека може да порасне нешто помалку од метар за 24 часа.
3. Како многу добар прочистувач на воздухот, испушта 35 проценти повеќе кислород, во споредба со истата лисна маса на кое било дрво.
4. Постојат повеќе од 1.430 видови бамбус.
5. Застапен е на сите континенти освен на Антарктикот.
6. Бидејќи содржи антибактериски и антигабични материи, на бамбусот не му треба хранење или пестициди.
7. Бамбусот има поголема цврстина на истегнување од челикот. Тоа е 28.000 по квадратен инч, додека челикот има 23.000. Така, стебленца од бамбус може да се користат за зајакнување на бетонот.
8. Американскиот физичар и пронаоѓач Томас Алва Едисон ја направи првата успешна сијалица со бамбусови влакна
9. Научникот Александар Греам Бел, кој го измислил телефонот, ја направил првата игла за фонограф од бамбус.
10. Повеќе од милијарда луѓе живеат во куќи направени од бамбус.
11. Лансите од бамбус се јадат.
12. Материјалите за облека, кои се антиалергични, исто така се направени од бамбусови влакна.
13. Листовите од бамбус содржат околу 22 отсто протеини, па може да се користат и како добиточна храна.
14. Тoа е еднo од најтрајните растенија во светот, првото растение повторно засадено во Хирошима по атомската експлозија во 1945 година беше бамбусот.

Види

Колку тежел најтешкиот лимон во светот

Сеуште не е откриен поголем лимон од тој во 2003 година. Лимонот бил тежок цели …