18.05.2024
Почетна / Градина / Валеријана – растение кое има силно дејство за лекување многу болести

Валеријана – растение кое има силно дејство за лекување многу болести

Валеријаната е растение кое им било познато уште на древните народи. Го употребувале и Римјаните и старите Грци, и се смета дека во 18 и 19 век било едно од најупотребуваните растенија за лекување на многу здравствени состојби.

Валеријаната е повеќегодишно растение кое има разгранети корени и стебленца околу десетина сантиметри. Главното стебло може да достигне висина до еден метар и има цветови со бела и розева боја. Има карактеристичен мирис и вкус.

Растението е отпорно на климатските промени и расте во различни предели. Главно коренот на Валеријаната се користи како лек, се собира во пролет и во есен.

Валеријаната содржи во себе повеќе состојки како што се:

  • Растителни влакна
  • алкалоиди
  • Ензими
  • етерични масла
  • Минерални соли
  • скроб и др.

Валеријаната се користи при лекување на многу здравствени состојби. Од коренот на Валеријаната се прави: чај, разни капки, тинктури, масла и многу други смеси. Чајот од оваа билка се користи како седатив, а исто така има и детоксицирачко дејство.

Важно е да знаеме дека валеријаната иако има дејство како седатив не предизвикува зависност, па затоа е безбедна за употреба. Сепак внимавајте, давајте го контролирано на деца и не давајте го на бремени жени без знаење на матичниот лекар.

Валеријаната има извонредно многу здравствени примени, се користи како дополнителен лек за многу состојби како што се : Анксиозност, Ангина пекторис, Шизофренија, Замор, Стомачни болки, Дијабетес, Раздразливост, Нервоза, Несоница, Депресија, Аритмија, Хипертензија, Забоболка, Астма, Грчеви и сл.

ВНИМАВАЈТЕ! Валеријаната е растение кое има исклучително лековито дејство, сепак има многу поразлично и посилно дејство од други растенија за кои досега сме пишувале, па затоа внимавајте и не користете го самоиницијативно. Секогаш консултирајте се со лекар, а после едно месечно користење направете пауза. Има многу растенија кои се слични на Валеријаната и се отровни, па затоа внимавајте и не берете го сами доколку не сте сигурни. Секогаш за било каква несакана појава при користење на ова растение консултирајте се со лекар!

Види

Зошто треба да направите еликсир од рен, лимон и мед ?!

Еликсир од рен, мед, лимон, цимет и ѓумбир, ја подобрува меморијата за 80% и го …